Леклер во прашалници по К1 елиминацијата

121

Шарл Леклер смета дека дефинитивно нешто не било во ред со Ц37 болидот на Заубер Алфа Ромео откако испадна по првите 18 минути во квалификациите. Тој имаше 9то време на последната сесија во пресрет на квалификациите, а нив ги заврши на 17то место само 2 илјадити делови од секундата од времето на Роман Гросжан кој мина понатаму.

Едно е сигурно, а тоа е дека немав никој пред мене и поради тоа никаков слипстрим. Но, тоа не го оправдува недостатокот на перформанси, треба да направиме темелна анализа и да разбереме што тргна наопаку. Дефинитивно нешто не беше во ред.

Монца треба да биде патека каде сме силни, го видовме тоа на Т2 и Т3 сесиите така што испаѓање во К1 по еден добар круг по мене е штета, голема штета.

Видовте дека погрешив во мојот круг, но тоа беше во вториот летечки круг кога ионака гумите веќе беа потрошени што не влијаеше на моите перформанси. Првиот круг беше добар, но очигледно не доволно добар за да минеме поматаму.

Бевме најбавни на правецот, нешто што не е нормално затоа што вообичаено сме помеѓу најбрзите. Сеуште треба да видие што не е во ред – лут е Шарл.

И покрај тоа што се квалификуваше на 17то место, поради казните на Хулк и Дани, ќе тргне две позиции погоре.


Booking.com

Леклер во прашалници по К1 елиминацијата

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>