Леклер: Борбата со мојот херој беше луда

407

Борбата со големите момци во Баку, а посебно Фернандо Алонсо била посебен момент за Шарл Леклер.

Младиот возач од Монако извозе перфектна трка стартувајќи од 13та позиција. За него најдобар момент од трката било борбата со Алонсо откако го помина во 26от круг со понови гуми.

Алонсо е возач кој го гледам од кога имав пет години во Монако и денес да се тркам со него е лудо. Се борев со него и ја искористив предноста од гумите, но на крајот бевме подобри од Мекларен. Во текот на целата трка бевме подобри. Тоа е добро за иднината – изјави возбудениот Леклер.

Пред Алонсо тој се бореше со двојката од Ред Бул и дури го задржа Кими Раиконен зад себе во еден момент.

Имав референтна точка и тие не се одалечуваа од нас. Бев зачуден од болидот. Кими беше зад мене иако оштетен, но го задржав позади што е многу чудно.


Леклер: Борбата со мојот херој беше луда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>