Ники најави дека ќе се врати во Формула 1 скоро, преку прва видео порака на Инстаграм каналот на Мерцедес, откако му беше направена операцијата.

Трикратниот Формула 1 првак во моментов е Неизвршен претседател на Мерцедес, во текот на летото имаше операција за трансплантација на бели дробови, по која следуваше долг период кој австриецот го мина на интензивна нега. Минатиот месец тој излезе од болница, а на своите најблиски пријатели и соработници им најавил дека има намера да ја гледа Големата награда на Абу Даби од падокот.

Во видео пораката, Ники им се заблагодарите на сите за поддршката која му ја давале и ги убеди дека ќе се врати во Мерцедес за освојување на 6та титула.

како што знаете имав тежок период од здравствена гледна точка, а поддршката од вас луѓе беше неверојатна. станав од кревет многу побрзо поради силното семејство и пријатели.

постигнувањето оваа година и 5та двојна титула по ред, титулата на луис, возењето на ботас, не можевме подобро.

најважната порака која во моментов сакам да ви ја кажам дека наскоро се враќам и продолжуваме до 6та титула. ви благодарам – изјави лауда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.