Лауда се опоравува по трансплантација на бели дробови

137

Здравствената состојба на трикратниот Формула 1 првак Ники Лауда не е едноставна како што првично се претпоставуваше и тој бил подложен на операција за трансплантација на бели дробови во болница во Виена.

На 69-годишниот Неизвршен претседател на Мерцедес Формула 1 тимот кој има и сопственички удел во екипата, му се влоши здравствената состојба додека бил на одмор во Ибица, Шпанија и поради тоа итно авионски бил пренесен во главниот австриски град.

Ники имаше тешка повреда на белите дробови кога на Германското Гранд При во 1976 година имаше тежок судар по кој остана заробен во запалениот болид, но фантастично брзо повторно се врати на тркањето само три трки подоцна.

Поради тешка повреда на белите дробови, Ники Лауда мораше да биде подложен на трансплантација на белите дробови. Транслантацијата беше успешно спроведена од доктор Валтер Клепетко и доктор Конрад Хотзнекер.

Љубезно ве молиме да разберете дека семејството нема да дава никакви официјални изјави, а ние сакаме да ја заштитиме нивната приватност – гласи соопштението од AKH болницата од Виена.


Лауда се опоравува по трансплантација на бели дробови

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>