Формула 1 легендата, Ники , откри дека неговата скорешна операција за транслапнтација на бели дробови била пострашна одошто неговата речиси смртоносна несреќа на Нирбургринг во 1976 година.

Во моментов австриецот се опоравува во неговиот дом во Ибица во друштво на семејството под строга и амбициозна физичка програмама и будно око на доктор, тренингот му почнува во 8 часот наутро и трае до попладне со куси паузи.

мојата состојба е добра, белите дробови совршено работат, а тоа е најдобро. сега само треба да си ја вратам силата затоа што бев во кревет пет месеци и мускулите исчезнаа. тренирам секој ден со три специјалисти, наутро, попладне и помеѓу паузите – изјави лауда во телефонското интервју со новинарот волфганг фелнер.

Запрашан да направи споредба помеѓу операцијата летоска и неговиот судар од пред 40-тина години кога речиси целосно изгоре, тој објасни:

тогаш немаше борба за мојот живот како што имаше сега. по нирбургринг речиси веднаш се вратив, а сега сум во кревете пет месеци. летоска ме примија во болница, а кога излегов беше зима, лудо. секој ден ги броев цевките за вентилација над мојот болнички кревет.

стресот не доведе до мојата ситуација, беше инфекција на белите дробови која може да му се случи на секого. за тоа не пости ни вакцина која луѓето би ја земале.

свесен сум за состојбата во моментов и мој приоритет е да се вратам во форма повторно а тоа значи да ги вратам муските со што според докторите опоравувањето ќе биде целосно – појаснува ники.

Според американската здравствена органиција во последно време  значително е подобрено краткорочното подобрување на здравствената состојба кај пациенти со транслантација на бели дробови. Околу 78% од пациентите ја преживуваат првата година, околу 63% од пациентите живеат подолго од 3 години и околу 51% од пациентите живеат подолго од 5 години.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.