Лауда на интензивна нега по летен грип

19

Состојбата на Ники Лауда се влошила, откако тој бил пренесен на интензивна нега поради сериозна летна настинка, но според последните информации, тој сега се опоравува.

Тешка кашлица била причината зошто трикратниот шампион не бил присутен на последните две трки во Хокенхајм и Будимпешта. Од Мерцедес беше пренесена следната изјава:

Ники имаше грип и му беше посочено да одмори за време на викендите во Унгарија и Германија. Се надеваме дека ќе се врати во Спа.

Но од австриските медиуми постојат индикации дека летниот грип со кој се соочил е подраматичен од претходно објавеното. Се смета дека Лауда се здобил со несакана настинка по краткиот одмор во Ибица, по што отпатувал до Виена каде што бил пренесен во интензивна нега, каде што се наоѓа од крајот на Јули.

Според вест од Speedweek, летниот грип го напаѓа имунитетот и бидејќи Лауда веќе претрпе оштетувања на белите дробови, тој се смета за пациент со висок ризик.

Истата вест вели дека Лауда е добро згрижен и по 12 дена во болница, тој е скоро целосно опоравен, без компликации по белите дробови и срцето и би можел да биде испуштен од болница неделава.

Според негов пријател, сериозната здравствена состојба е знак дека Лауда мора да ги намали своите работни обврски.


Лауда на интензивна нега по летен грип

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>