Луис Хамилтон откри дека трикратниот Формула 1 првак и Неизвршен претседател на Мерцедес, Ники Лауда е истиот и има добро расположение откако беше отпуштен од болница по успешната рехабилитација на операцијата на транслантација на бели дробови. На почетокот од неделата австриецот ја напуши клиниката во Виена, по речиси три месеци минати во истата.

Се смета дека до транслантацијата дошло како последица од тешките изгореници кои Летечкиот Ники ги заработи на Нирбургринг во 1976 година кога речиси изгоре пред да биде извлечен од болидот. Следуваат неколку недели рехабилитација пред да продолжи со вообичаеното темпо.

Одлчно е што Ники излезе од болница, зборував со него, добив убав повик и разговор и ми кажа дека му е мило што ќе излезе од интернзивна нега. Ја напушти болницата и сега работи на рехабилитација за да си ја врати силата.

Сеуште е истиот карактери, сеуште е духовит преку телефон и секогаш се шегува. Смислата за хумор не го напуштила – откри Хамилтон.

Актуелниот првак откри дека тој останал во контакт со Лауда за целиот период додека бил во болница, а на австриецот му било криво што Хамилтон не победил во Америка.

Тој остана во контакт со сите во екипата, тој е тркач и ги сака болидите. Беше вознемирен што не победивме на минатата трка и сега чека победа и титула во Мексико.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.