Лауда “гарантира“ дека возачите ќе останат

121
   

Неизвршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда, “гарантира“ дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе останат во тимот и во иднина.

Долго време се пишува дека Хамилтон наскоро ќе ја продолжи соработката со “сребрените“, но иднианта на финаскиот возач не е толку извесна и се шпекулира дури и со негово евентуално заминување од Бракли. Лауда потенцираше дека возачкиот тандем останува непроменет.

Гарантирам дека следната година Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе возат за МЕрцедес. Тоа е веќе средено – јасен е ЛАуда во својата изјава за ORF.

Се верува дека ХАм преговара двегодишно продолжување на соработката што значи верност до крајот на 2020 година без опција за продолжување и 2021 година кога на сила ќе стапат новите правила.

Детали околу следниот договор на Ботас не се познати, но тој не пропушта да појасни дека сака да остане во Мерцедес.


Лауда “гарантира“ дека возачите ќе останат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>