Латифи се надева на Ф1 догодина

79

Николас Латифи откри дека има желба да мине во престижната Формула 1 следната година и дека не сака да комплетира уште една Формула 2 сезона наместо тоа.

Канаѓанецот ќе добие шанса на петочкна сесија со Форс Индија на неговата домашна трка, што е втор пат за него годинава. Дополнително, таткото на Николас купи удел во компанијата на Мекларен, удел вреден 200 милиони фунти. Лани младиот возач беше тестер во Рено, но за да добие поголема шанса се реши годинава да ја превземе истата улога во Форс Индија.

Се очекува Карлос Саинз и Нико Хулкенберг да останат во Рено следната година, но во Форс Индија нејасна е иднината на Серхио Перез и Естебан Окон. Не сакам уште една Формула 1 сезона, мојата цел е Формула 1 во 2019 година – откри Латифи за канадски Le Journal de Montreal.

Таткото на Николас внесе многу свеж капитал во Мекларен, така што шпекулациите дека возачот ќе заврши во тимот од Вокинг станаа се погласни.

Медиумите не се први што пишуваат за татко ми, но парите не гарантираат успех во моторспортот. Се докажав дека имам конкретни резултати во она што го работам.

По 4 тркачки викенди односно 8 извозени трки, Латифи се наоѓа на 10то место во јуниорската Формула 2 серија.


Латифи се надева на Ф1 догодина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>