Ландо Норис замена за Хартли?

181

Шпекулациите околу иднината на Брендон Хартли продолжуваат, а надежниот Формула 2 возач на Мекларен, Ландо Норис е ново име во комбинација да го замени новозеланѓанецот.

Хартли и Пјер Гасли дојдоа лани во екипата откако Карлос Саинз замина во Рено, а Даниил Квјат доби отказ по лошите изданија. Екипата од Фаенца е позната по тоа што дава шанса на младите возачи за влез во кремот на моторспортот.

До сега, имињата на Паскал Верлејн и Роберт Кубица беа најчести во комбинација за замена при евентуално заминување на Брендон Хартли од Фаенца.

Во моментов познатата Академија за млади возачи на Ред Бул не располага со некоја достојна замена. Најстар од нив е Дан Тиктум кој ја вози својата прва Формула 3 сезона и тешко е да се очекува да биде дел од Формула 1 пред 2020 година, а истото се однесува и за Ниреи Фукузуми. Поради тоа “биковите“ мора да бараат талент на друго место, а Формула 2 и лидерот Ландо Норис е логичен избор за нив, иако секако дека ќе биде проблем договорот на Норис со Мекларен.

Добар возач крај Пјер Гасли ќе ги зголеми шансите на Торо Росо за 6то место кое во моментов “го бркаат“, а Мекалрен од друга страна би добиле возач со половина година Формула 1 искуство кое би било многу корисно при евентуално заминување на Фернандо Алонсо од Формула 1 во 2019 година.

Торо Росо секако дека ќе му даде на Хартли уште некоја трка за докажување, но ако нешто е познато за Хелмут Марко тоа е дека не трпи возачи без резултати.


Ландо Норис замена за Хартли?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>