Ландо Норис добива два денови тест

196

Ландо Норис месецов се враќа во кокпит на Формула 1 болид откако Мекларен потврди дека ќе го користи него за првиот сезонски по завршувањето на Шпанското Гранд При.

Британецот е годинашен резервен возач на тимот, но исто така се трка и во јуниорската Формула 2 тркачка серија каде по 2 тркачки викенда и 4 извозени трки се наоѓа на прво место во поредокот.

Последно појавување на Ландо во Формула 1 машинерија беше во ланскиот Мекларен Хонда за време на тестот по крајот на сезоната во Абу Даби во Ноември, така што на средина на Мај ќе биде прва негова проба на МЦЛ33.

Првиот ден во Шпанија тој ќе го мине во тест за Пирели, со што Мекларен ќе има два болиди на патеката, додека вториот ден ќе го врши тестот за тимот. Првиот тест ден за потребите на Мекларен ќе го одработи Стофел Вандорн, додека вториот ден за Пирели во МЦЛ33 ќе биде Оливер Турви.


Ландо Норис добива два денови тест

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>