Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, Дејвид Култхард, верува дека Скудерија Ферари не му дале доволна поддршка на Себастијан Фетел во неговиот обид да го победи Луис Хамилтон во трката за овогодинешната титула.
Со своето 4то место на Големата награда на Мексико, британецот и теоретски ја освои својата 5та титула. Во својата изјава за Sportsmail, Култхард изјави:
имам чувство дека екипата не го поддржи фетел доволно, на начин како што луие беше поддржан. во ферари со горди не себастијан, но во мерцедес владее атмосфера дека хамилтон е “нивниот човек“. доколку се прави некаква поделба меѓу возачите, луис таму секогаш е привилегиран.
тоа што ферари го направи во монца, тоа што му дозволи на кими да дојде до пол позиција, а фетел потоа се бореше со хамилтон за 2ро место по стартот и му дадоа шанса на луис да победи…таквите работи не се случуваат во мерцедес.
никој не може да порекне дека одредени стратешки одлуки беа контра фетел, а имаше и дел во кои навистина себастијан немаше среќа, но на моменти и грешеше.
исто така, сметам дека хамилтон е на врвот, посреќен е одошто претходно кога колега му беше розберг, позрел е и има поголемо искуство. мислам дека оваа сезона му е најдобра во кариерата – додаде култхард.