Поранешниот Ф1 возач, Дејвид Култхард, смета дека животот на Шарл Леклер е полесен од тој на неговиот тимски колега, Себастијан Фетел, бидејќи очекувањата од двајцата возачи се различни.

Досега во сезонава, Ферари се постојано поразени од Мерцедес кои имаат безгрешна серија на 5 последователни 1-2 победи.

Ферари во одредени моменти покажува подобри перформанси, во тренинг сесиите и во квалификациите во Бахреин, каде Леклер и Фетел поведоа од стартот.

Тие перформанси и доминацијата на Леклер во трката се до откажувањето на моторот, доведоа многумина да мислат дека младиот возач во одреден момент ќе го надмине Фетел, кој е лидер на екипата.

Шарл го прави тоа што треба. Тој сака да биде побрз, ако види отворен простор, тој напаѓа. Себастијан има друга цел, да го претвори Ферари во победничка екипа. Тоа се 2 вида на притисок.

Себ мора да победи, се друго не е доволно добро. На Шарл му е полесно. Тој само треба да биде побрз од Себастијан и да докаже дека може да го порази четирикратниот шампион и има одлична иднина пред себе.

Себастијан имаше период без стрес со Кими во тимот. Шарл доведува до емоции, а тоа е историјата на Ферари. Сите сакаме потесни тимски битки. Како Сена со Прост, како Луис со Нико и Шарл со Себ.

Погледнете ги Ред Бул оваа година. Макс Верстапен нема воопшто притисок од Пјер Гасли, кој сеуште не испорачал. Тоа не е добро.

Иако моментално Мерцедес се супериорни, Култхард смета дека Маранело може да ја променат сезоната.

Тие имаат многу добри луѓе, го имаат буџетот. Но проблемот е што Мерцедес врши фантастична работа.

Себастијан не се подмладува, но сеуште е голем шампион, сеуште е брз. Иако Шарл можеби е иднината на Формула 1 со Макс Верстапен, тој не е побрз од Себастијан. Тоа е факт.

Како што реков, Себастијан има повеќе притисок и тој го знае тоа. Себастијан мора да ја освои титулата, Шарл само треба да биде подобар од него.

Секако дека тоа е многу полесно. Но убеден сум дека Себастијан може да се справи со сето тоа.