Поранешниот Формула 1 возач, Дејвид Култхард, вели дека драстичниот пад во форма на екипите на Мекларен и Вилијамс во последните неколку сезони покажува дека спортот нема никаква почит кон историјата или реномето на екипите.

Неверојатниот рекод на Мекларен е сочинет од 12 титули во конкуренција на возачи и 8 во конкуренција на тимови, но последниот пат кога возач на Мекларен застанал на подиумот е Австралиското Гранд При во 2014 година.

Тимот на Вилијамс имаше голем пад по седум неверојатни возачки титули и 9 во конкуренција на тимови во нивната 41-годишна историја. Во 2018 година, екипата има освоено само 7 поени, со топ 10 финиш во само две трки од вкупно 19 досега.

Култхард возеше и за двете екипи во својата 15-годишна кариера и според него, моменталната ситуација е тешка за гледање.

Збунувачки е и разочарувачки да се следи низ што поминуваат. Успехот доаѓа од луѓето, не од името на подот.

Не може самото да се самоодржува. Се се сведува до луѓето кои се инволвирани во било кој период. Очигледно, и двете екипи не успеаја да ја одржат енергијата, да иновираат и да привлечат млад талент, а на тоа мора да се фокусираат.

Мора да ја променат структурата и да донесат нов талент. Од таму доаѓа енергијата – вели Култхард.

Мекларен својата разочарувачка серија од 2015 до 2017 година ја посочи кон снабдувачот на агрегати, Хонда, но ситуацијата е повеќе влошена откако преминаа на Рено за 2018 година.

Со користење на истите состојки, ќе ја добиете истата торта секој пат. Мора да иновирате инаку ќе останете во место и токму тоа се случи со овие тимови – додаде Култхард.

Во однос на возачите, плановите на Мекларен да ја оживее својата форма се остварија преку договори со Карлос Саинз и Ландо Норис за 2019 година. Вилијамс се надеваат на Џорџ Расел за следната сезона. Неговиот тимски колега сеуште не е потврден, додека Сергеј Сироткин, Роберт Кубица, Естебан Окон, Естебан Гутиерез и Ник де Врис се сметаат за конкуренти.

Џорџ Расел и Ландо Норис се одлични млади таленти. Тие сега ќе имаат можност за долги и успешни кариери и можат да ги обединат тимовите.

Се сеќавам кога го запрашав Патрик Хед во Вилијамс дали успехот се должи на финансиска или умствена моќ. Тој беше многу јасен и кажа “умствена моќ“.

Двата тима мора да ја соберат и обноват таа умствена моќ и ќе се вратат кон победничките патеки во иднина – додаде Кулхтард.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.