Новиот тркачки возач на Вилијамс, Роберт , изјави дека тестот во Абу Даби е клучен за Вилијамс за да се разберат гумите на Пирели колку што може подобро како значаен сегмент од враќањето на формата на екипата.

Појлакот има неверојатно враќање во спортот откако третиот најтрофеен тим во Формула 1 потврди дек тој ќе вози за нив во 2019 година, откако немаше трка во врвот на моторспортот од 2011 година. Партнер во тимот ќе му биде младиот Формула 2 шампион, Џорџ Расел. Двајцата возачи ги делат должностите во ФВ41 болидот во текот на денот.

рано е да се прогнозира било што за 2019 година, мораме прво да си ја завршиме својата работа која почнува со проценка на гумите на тестот на пирели. ќе биде клучен и мораме сериозно да се фокусираме на него за да извадиме колку што можеме повеќе информации. секако дека болидите следната година ќе бидат различни, но како и да де, гумите секако ќе останат клучен дел од тркањето – објасни кубица.

Последното појавување на Кубица во болидот на Вилијамс беше на петочна сесија во Австрија во месец Јуни.

помина долго време, но имаме програма која треба да ја комплетирам. секако дека работиме многу повеќе за следната година.

се обидуваме да симулираме и да прибереме колку што можеме повеќе податоци за се што може да се случи. многу е важно за нас да разбереме колку што може повеќе за болидот пред зимската пауза.

првиот ден од тестот беше добар, а комплицирано беше тоа што немав возено 4 месеци и по малку ми беше напорно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.