Полскиот и германскиот печат се преполни со вести и шпекулации околу иднината на Роберт и неговиот ангажман во за 2019 година, иако сеуште ништо не е потврдено.

33-годишникот зад себе ја има поддршката од ПКН Орлен, полски нафтен гигант, кои имаат намера да го помогнат неговото враќање на патеката со одредено спонзорство до тимот кој ќе го вдоми.

одличив дека сакам да бидам во вилијамс следната година и се надевам дека и тие го сакаат тоа. официјално има само две екипи без потврдени возачи за следната година, но дефинитивно нема да одам во торо росо – објасни кубица во својата изјава за sport.pl.

Медиумите велат дека Роберт има голема конкуренција за седиштето со кое Вилијамс буквално лицитира и сака да му го понуди на оној кој ќе донесе најмногу пари во екипата, а се проценува дека понудите се 12-15 милиони американски долари. Во Гроув веќе одбраа нивни прв возач следната година да биде Џорџ Расел, младиот талент на Мерцедес кој води во Формула 2 поредокот сезонава.

периодов се е многу напнао и се случуваат многу работи, не дека многу се забавувам и сакам колку што можам побрзо да објавам каде ќе се тркам. сите мора да донсат одлука, а јас отворено кажав дека мојата одука има краен рок и тоа го почитувам. не го кажав тоа за да направам притисок, но сметам дека треба да знаеме до каде сме за следната година.

не зависи се од мене, но морам да кажам и дека се не зависи нити од вилијамс – појасми полскиот возач.

На оваа тема, Џо Савард, почитуван Формула 1 новинар и блогер напиша:

германските медиуми сметаат дека местото во вилијамс ќе оди кај роберт кубица, но јас не гледам зошто тие би брзале да потпишат со возачот кој доколку се трка догодина би бил втор најстар на гридот, а и нема формула 1 трка од февруари 2011 година. парите се важни и роберти сигурно знае како да вози, но дали навистина е подобар избор од еден од најталентираните на гридот, естебан окон, кој исто така е расположлив?


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.