Кубица сеуште бара место за догодина

100
   

Роберт Кубица сеуште се надева дека следната сезона ќе може да се врати на Формула 1 гридот, иако признава дека опциите се ограничени. Полскот возач беше на прагот на враќање во спортот оваа сезона откако лани тестираше за Рено и Вилијамс, французите се решија за Карлос Саинз, а британците по директен дуел го одбраа Сергеј Сироткин како пборз.

Сезонава Кубица ја извршува улогата на резервен и развоен возач на Вилијамс учствувајќи на две слободни тренинг сесии во Шпанија и Австрија. По сесијата на Спилберг каде заврши на последно место, тој јасно кажа дека бара место за следната година.

Мојот статус и мојата позиција нема да се променат до крајот на сезоната. Секако дека ќе има многу преговори, но јас нема да бидам вклучен во истите.

Лани во Ноември и Декември бев топ тема, што е нормално. Сега момците кои се на врвот во спортот се главна тема. Се трудам, давам се од себе и имам јасна цел да се тркам следната година, но ништо не е променето и како што реков така ќе остане до крајот на годината. Ќе видиме што понатаму – изјави Кубица.

Во моментов има многу слободни места поради фактот што многу возачи немаат договор за следната година, но реално знае дека само мал број од тие места се опција за него, вклучително и местото во Вилијамс.

Секако дека ситуацијата е различна од лани. Во Ноември лани имаше само едно слободно место, тоа беше во Вилијамс. Сега има повеќе места, повеќе тимови и тоа може да се промени, но не поради тоа што седам овдека и сакам да возам исклучиво за Вилијамс.

Моја цел останува да бидам на гридот догодина. Реално кажано, нема многу екипи каде можам да завршам и со кои можам да преговарам. Магија не постои – реален е полјакот.

Кубица ќе тестира за Вилијамс по трката во Силверстон за Пирели, а и на вториот сезонски тест во Будимпешта.


Кубица сеуште бара место за догодина

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>