Роберт Кубица откри дека неговата самодоверба многу пораснала откако доби тест ден со актуелните болиди на Хунгароринг.

Имавме одличен ден и комплетиравме разноврсна програма, собравме многу податоци за оваа и следната година за да најдеме начин да го подобриме болидот.

Работевме на различни аеродинамички и сетап спецификации за подобар втор дел од 2018 година, имаме многу податоци за анализа и тестот беше одличен во пресрет на летната пауза.

Пред дванаесет месеци на истава патека за прв пат тестирав за Рено и можам да кажам дека денеска се е многу полесно. Лани не знаев што ме чека, се беше ново за мене особено со последната генерација Формула 1 болиди, но сега се ми е попознато, полесно и повеќе верувам во себе – објасни Кубица.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Својот тест во Среда полјакот го заврши поставувајќи 6то време на денот.

Се беше повеќе ориентирано кон аеродинамиката и прибирање информации за истата и како влијае на остатокот од болидот. Исто така пробавме и нови шари на болидот во текот на нашата последна серија. Изгледаше убаво така што може да се размисли за следната година – се шегуваше Кубица алудирајќи на бојата која се користи за аеродинамички тестови.

Роберт беше две секунди побрз од Оливер Роуланд кој тестираше ФВ41 првиот тест дена за Вилијамс, но тој не смета дека тоа е многу важно.

Имав подобри кругови на софт попладнето и само ги користевме гумите кои ги имавме. Не работевме на брзи времиња по круг, туку на чувството во болидот, ритамто на софт. Патеката стануваше е подобра, а времето навистина воопшто не е важно.

Следното влегување во болидот Кубица ќе го има на крајот на сезоната во Абу Даби.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.