Кубица: Проблемите нема да се решат брзо

77

Роберт Кубица изјави дека нема брзо решение за проблемите на Вилијамс кои тој ги искуси за време на првиот слободен тренинг минатата недела. Полјакот на тестирањата вчера комплетираше 123 кругови со ФВ41 болидот на екипата. На хиперсофт гуми тој постави осмо најбрзо време.

Имаше многу гласини за тоа дали Кубида треба да биде избран или не, но сепак неговото искуство не направи разлика кај болидот.

Дадов се од себе и имаме доста информации кои ги донесовме во фабриката. Беше интересен ден од страна на аеродинамиката. Ќе пробаме да најдеме добар начин да ги решиме проблемите. Сигурно нешто може да се реши, но тоа нема да биде за 24 часа – смета Кубица.

Вилијамс последен пат победи во Шпанија во 2012 година и од тогаш не биле на подиум таму. Оваа година завршија надвор од поените. Вилијамс има многу работа што треба да ја заврши доколку сакаат да се вратат на успешните патеки.


Кубица: Проблемите нема да се решат брзо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>