Роберт Кубица потврди дека преговара со Скудерија Ферари во врска со улогата на развоен возач во Маранело за следната сезона. Шпекулациите од Мексико велеа дека полскиот возач има план Б кога е во прашање неговата Формула 1 кариера, откако стана се поизвестно дека тешко да стигне до второто возачко место во Вилијамс.

Можеби ќе се договорам со Ферари. Преговорит се во тек и има шанса да бидам во црвено на краток тест, а доколку тоа биде успешно ќе се оствари една од најголемите желби во мојот живот. Бев блиску до Ферари еднаш, но не се случи поради мојата несреќа. Не велам дека овој пат ќе се случи, но има шанса и добро ќе размислам – откри Кубица.

Секако дека приоритет за полјакот е да стигне до тркачко место во Формла 1, но сака конкурентен болид за да покаже што знае.

Секако дека ќе биде убаво да се тркам следната година, но враќањето мора да биде исправно. Не сакам да правам ништо со сила. Тоа треба да биде награда за едно долго патешествие и во околина и со луѓе кои се одлични за работа – заклучи Роберт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.