Роберт смета дека останувањето на Формула 1 гридот е потешко одошто враќањето на истиот.

Оваа година ќе заврши еден од најимпресивните враќања во историјата на спортот, односно кам-бекот на Роберт Кубица кој 8 години нема возено во врвот на моторспортот по страшната рели несреќа од 2011 година.

враќањето во формула 1 не беше воопшто лесно и свесен сум дека го имам еден од најголемите и најтешки предизвици во мојата кариера, но го сакав тоа и живеам за тоа – изјави полскиот возач за Telewizja Polska.

Предизвик е и тоа што Кубица ќе седне во најбавниот болид на гридот, а неговото претходно искуство беше во фабричкиот Рено и брзиот БМВ Заубер со кои има и победа.

2018 година не беше лесна за , но правилата се менуваат и тоа може да не врати “во игра“. не дека очекувам оти одеднаш ќе бидене најдобри и најбрзи, но ќе работиме напорно за да го направиме болидот многу подобар од ланскиот.

Роберт истакна дека нема некоја особена цел во однос на резултатите сезонава.

мојата цел веројатно е потешка одошто беше враќањето во спортот, а тоа е останвуање повеќе сезона. конкуренцијата е одлична, 20те најдобри возачи во светот се тука и нема да биде лесно особено по толку долга пауза колку што имав.

болидот секако дека ќе биде многу важен, ако успееме да го подобриме тогаш за ситре ќе биде полесно – зарши кубица.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.