Кубица и Роуланд на вториот тест за Вилијамс

110

Вилијамс откри дека нивниот резервен и возач Роберт Кубица заедно со младиот Оливер Роуланд, ќе го извршуваат вториот сезонски по Големата награда на Унгарија, на истата патека.

Роуланд возеше и на првиот ден од првиот тест во Барселона годинава, додека Кубица го превзема болидот во текот на вториот ден. На Хунгароринг распоредот ќе биде исти, најпрво младиот британец, а потоа искусниот полјак.

Ќе биде уште еден чекор во вистинска насока кон постигнување на мојата цел, а тоа е да се биде во Формула 1. Се беше одлично на тестот во Барселона и убаво е да се знае дека екипата повторно ми верува и ми дава нова шанса.

Свесен сум дека не се добиваат многу шанси за да се покаже талентот во Формула 1 затоа што се работи за ексклузивен клуб, така што ќе дадам се од себе да го завршам тоа што се бара од мене.

Првиот тест мина одлично, се обидов искусно да го одработам затоа што фидбекот беше клучен и не смееше да има грешки од моја страна и не се бараа брзи времиња од мене, но не ми требаше многу време да “влезам во штосот“. Во моментов ни треба доста работа за да ги вратиме перформансите на очекуваното ниво, така што ќе биде клучно да им кажам на инженерите тоа што сметам дека не е добро.

Воодушевен сум што повторно добивам можност затоа што тоа е остварување на сонот за мене и сакам да им заблагодарам на Вилијамс за можноста и втората шанса. Ќе продолжам да давам се од себе за да се подобрат перформансите во вистинската насока – изјави Роуланд.


Booking.com

Кубица и Роуланд на вториот тест за Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>