Полскиот ветеран Роберт , смета дека актуелната генерација Формула 1 дебитанти е многу подобро подготвена од самиот тој кога ја почнувал својата кариера во врвот на моторспортот.

Кубица следната година ќе му биде колега на Формула 2 првакот Џорџ Расел со кого ќе возат за Вилијамс. Британецот во две години ја освои Ф1 и ГП3 титулата, слично како и арл Леклер пред него, возачот кој со успех дебитираше за Заубер, а веќе во својата втора година мина во Ферари.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Поради својата поддршка од Мерцедес, младиот Џорџ има неколку тестови со шампионскиот болид, но со Форс Индија минатите неколку години. Кубица смета дека токму шансите кои ги добиваат младите возачи ги прават подобро подготвени.

џорџ е одличен возач, еден од најталентираните од младата генерација, победи во формула 2, победи во гп3, има голем талент и решителност. колку што јас го познавам, тој е добро момче, зрел е за својата возраст и мислам дека ќе направи разлика.

кога јас стигнав во формула 1 младите возачи се запознаваа со спортот, но сега се многу поподготвени одошто пред 10-15 години. работат блиску со тимовите во нивните јуниорски програми и знаат многу повеќе. морам да кажам дека сум импресиониран од нивното техничко знаење – појасни кубица.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.