Доколку не успее да најде место во Формула 1 за себе следната година, Роберт Кубица ќе бара алтернативни опции за тркање. Појакот нема трка од Абу Даби во 2010 година поради рели несреќата на почетокот на 2011 година по која мина со тешки повреди. Сезонава тој е резервен возач на Вилијамс и сериозен кандидат да го замени Ленс Строл доколку тој се реши уште сезонава да мине во Форс Индија.

Поминав многу време и навистина многу се трудев да добијам шанса во Формула 1 и секако дека мој приоритет е да сум на гридот во Австралија следната сезона. Но, ако не се случи, ќе побарам место во други тркаачки серии. Но, како што реков, мојот фокус е Формула 1 – најави Кубица.

Полскиот возач неколку пати повторува дека не се сомнева во своит еспособности да се трка во Формула 1 повторно, но е свесен дека ќе му треба некое време да се врати во ритам во тркачка средина. Тој работеше со Рено и Вилијамс кои очигледно беа задовлни од него што се гледа од бројот на тестовите кои му ги доверија сезонава.

Кога не возите долго време или возите како што возам јас, еднаш во три месеци, нормално е дека ви треба период да минете низ различни фази за да се вратите во ритам и да го вратите природното чувство. Дури и најдобрите тенисери ако престанат да играат некое време ќе ин биде премногу тешко да ја вратат формата, но по само еден час ќе го вратат чувството за играта.

Доколку добиев шанса оваа сезона да се тркам, веќе никој немаше да се сомнева околу моите способности и ограничувања – смета Роберт.

Тој размислуваше сезонава паралелно со своите Формула 1 обврски да се трка и во Ендјуранс Серијата во најсилната ЛМП1 класа, но не ја оствари таа опција затоа што не сакаше да превзема преголема задача на себе.

Тркањето во ВЕЦ е сосема различно и можеби ќе беше добар предизвик за мене. Во рели бев добар, тоа е сосема поинакво од ова тркање, а трките на издржливост имаат поголема слично со Формула 1 Новите предизвици се во ред, секогаш ќе има нешто дополнително што ве мотивира.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.