Роберт Кубица изјави дека не било лесно да се каже не на Ферари кога му понудиле да биде резервен и развоен возач за наредната година.

Скудерија ги имаше Даниил Квјат и Антонио Џовинаци оваа година на таа позиција, но тие добија место на гридот за наредната година во Торо Росо и Заубер. Тогаш во игра влегол Кубица кој добил втора шанса во Ферари откако првата ја пропушти поради несреќата во рели, но тој изјави дека сепак прифатил да биде на гридот како возач на Вилијамс.

Знаев што сакам, но некогаш работите се покомплицирани од тоа што изгледаат. Имав интересни шанси и не беше лесно да се каже не. На крајот јас сум тркач иако не сум се тркал долго време, сепак сакав да се вратам на гридот. Среќен сум со одлуката и ова е голем предизвик.

Кубица потврди дека сеуште има мотивација за Формула 1.

Не е лесно да си Формула 1 возач, не е лесно да ги убедиш луѓето да добиеш место во Формула 1 падокот. Мора да имаш многу искуство и на крајот треба да имаш енергија да го правиш тоа повторно. Не сум загрижен или исплашен и мислам дека ќе успеам. Имам одлична шанса и ќе ја искористам.

Сепак оваа сезона тој ќе има поголема улога од онаа која ја имаше во 2018 година, што носи поголема одговорност.

Кога возам болид мислам на квалитетот на информациите и фидбекот за да добијам подобар болид. Треба да се смени пристапот бидејќи сега работам за тим а претходно за себе. Треба да се фокусирам на различни работи кои може да бидат користни кога се тркам. Тоа е различен пристап.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.