Надморската височина од 2.200 метри над морскоо ниво и реткиот воздух прават Автодромот Ерманос Родригез да биде мета на огромни брзини на најдолгиот правец во календарот на стартно целната рамнина. Малата потисна сила мора да се користи за реткиот воздух, но таа се компензира со повеќе крила пти што максималната брзина не се жртвува.

Моторите исто таак се под поголем притисок, турбината посилно работи поради “тенкиот“ воздух сакајќи да вбризга повеќе воздух во агрегатот за да перформансите бидат на соодветно ниво.

Моторот на Ферари се чини диши најлесно во Мексико гледајќи на брзината која ја постигнуваат возачите кој го возат истиот, но најголема брзина не значи и најдобро време по круг.

Единствено возачите со агрегат на Ферари постигнале над 351 километар на час, потоа се оние кои возат Мерцедес, а Мекларен со Рено се најбавни. Интересно, возачите кои ги окупираа првиот дел се во долниот дел од листата според брзината.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.