Матиа Биното е следниот шеф на Скудерија Ферари, човекот кој ќе го менува Маурицио Аривабене кој раководеше со најтрофејниот Формула 1 тим од 2015 година.

На хартија, Биното е идеален кандидат за шефовската позиција. Иако МАурицио беше долги години вклучен во работата во Маранело откако уште во 1990-тите години имаше менаџерска улога во Филип Морис, долго време главен поддржувач на Ферари. Но, вклученоста на Мариа во тркачката екипа датира дури и пред тоа и се чини дека тој е во Скудерија цел живот.

Иако многумина не се согласуваат со промената во Ферари, позицијата на Маурицио долго време висеше во воздух. Се шпекулира дека поранешниот Претседател, почнатиот Серџо Маркионе, планирал да го замени Аривабене за Биното сезонава, но при крајот на сезоната се чинеше дека сегашниот менаџмент ќе му даде уште една шанса. Но, Биното бил свесен за планот на Маркионе, а тензиите помеѓу спорскиот и техничкиот шеф на екипата раснеа како што привршуваше сезоната. Веројатно Матиа бил нетрпелив што плодот на неговата работа не довел до она што се очекувало, титула во Маранело, а италијанците медиуми пишуваа и дека Мерцедес и Рено со отврени раце го чекаат инженерот кај себе доколку реши да замине од Маранело. Се чини дека во таборот на “црвените“ во моментов Биното е повреден од Аривабене.

Италијанецот роден во Швајцарија дипломирал на механички инженеринг во Лозана и веднаш почнал да работи во Ферари, период во кој магистрирал автомобилски инженернг на Универзитетот во Модена, Одделот за инженеринг на Енцо Ферари. Образованието го завршил во 1994 година, а Жан Тод веднаш го внел во тимот, а под раководство на амбициозниот Лука ди Монтеѕемоло, Биното давал се од себе за да научи колку што може повеќе од неговите шефови Џон Барнард и Рори Брн. Дошол до позиција на инженер за тест на моторите, но во 1997 година веќе бил дел од тркачкиот тим на патеката.

На почетокот на 2000-те години беше тркачки инженер на Рубенс Баричело, а во 2007 година стана главен инженер, година во која Ферари дојде до двојна титула, последна возачка во витрините во Маранело, а конструкторска освоија и следната година. Во 2009 година доби задача да го предводи тимот за развој на КЕРС системот, почетокот на хибридната Формула 1 ера.

Кариерата одтогаш му бележеше уште пострмен раст. Кон крајот на 2013 година  стана заменик шеф на одделот за мотори и електроника, а следната година стана главен оперативен директор на престижниот оддел за мотори во Маранело. Неговиот ангажман во делот за моторите дојде на почетокот на денешната В6 турбо хибридна ера. Моторот од 2014 година за кој беше задолжен Лука Марморини беше лош, следниот на кој работеше Биното беше далеку подобар, а како награда следната 2016 година Матиа беше назначен за технички директор на тимот одговорен за целиот дизајн на болидите за 2017 и 2018 година кои се покажаа многу успешни.

Загубената титула на Ферари во 2018 година се должи пред се на лошите одлуки во тимот, а не на неконкурентниот пакет, поради што Бордот реши да го отстрани Аривабене од екипата. По четврина век учење занает од најголемите умови кои работеле во Скудерија, Биното треба да е политички адаптиран и културолошки целосно подготвен да ги исполни очекувањата и да се носи со товарот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.