Лоренс Строл застана на чело на Козорциумот кој ќе ја превземе сопственоста над Форс Индија откако екипата во последниот Петок од Јули влезе во постапка на администрација. Веќе некое време се зборува дека Лоренс сака да го купи тимот, а со оглед на неговото богатство и конатктите во падокот, не е ништо чудно што успеа во тоа.

Сепак, Лоренс е само на чело на Конзорциум од луѓе кои раководат со импресивни компании и нивните CV-ја биле повеќе од доволни да ги убедат администраторите во нивната сериозност. Сепак, Строл е главен инвеститор, а останатите учествуваат со начително помали суми, иако се доволни за да го одвлечат вниманието од Лоренс и претпоставките дека купил само уште една играчка за својот син.

Кои се луѓето кои ќе ја превземат Форс Индија?

Андре Десмараис (Канада): Семејството Десмараис е 7мо најбогато во Канада според веб сајт кој го рангира семејството Строл како 55то на таа листа. Семејна компанија е Пауер Корпорејшн (Power Corporation), а Андре е најмлад син во семејството, заменик Претседател и Втор Извршен Директор на компанијата која работи со финансиски услуги, комуникации и енергатика. Семејството има и холдинг кој има удели во Адидас, Тотал и Перно Рикар. Познати се по силните политички врски, а сопругата на Андре е ќерка на Премиерот на Канада, Жан Шеритиен кој раководел со Владата од 1993 година до 2003 година, откако претходно бил во Бордот на Пауер Корпорејшн.

Џонатан Дудман (Велика Британија): Дудман е прв човек на Монако Спортс и Менаџмент (Monaco Sports and Management) компанија за консултантнски услуги во менаџментот која служи на ултра богати клиенти и нивните семејство. Компанијата го почнала своето работење во Монако, како што кажува името. Џонатан работи главно со славни личности и професионални спортисти грижејќи се за нивните финансии и законски права, а Строл е негов долгогодишен клиент. Претходно тој беше директор на една фармерска компанија сопственост на Џоди Шектер.

Џон Ајдол (Америка): Ајдол станал дел од Поло Ралф Лорен (Polo Ralph Lauren) во 1984 година, напреднал во ПРетседател на групацијата и Оперативен директор. Во 1997 година стана Главен извршен директор во Дона Каран (Donna Karan), превземајќи ја таа улога од основачот, а ја напушти компанијата кога истата се припои кон LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton во 2001 година. Во 2003 година стана Главен извршен директор и сосопственик на брендот Мајкл Корс (Michael Kors), работејќи заедно со Строл во изградба на компанијата. Во негово време е и превземањето на брендот чевли Џими Чу (Jimmy Choo). Во 2016 и 2017 година Мајкл Корс беа спонзори на Мекларен.

Џон МекКоу Јуниор (Америка): МекКоу е трет најстар брат од вкупно четворица и своето богатство го има стекнато во телекомуникацискиот бизнис откако го продал МекКоу Селулар (McCaw Cellular) на АТиТ (AT&T) за 12,6 милијарди долари во 1994 година. Најстариот брат во семејството, Брус, има силни моторспорт конекции откако беше сопственик на PacWest Champ Car во Чамп кар серијата од 1993 година до 2002 година и за него работеле Марк Бландел и Скот Диксон. Џон бил фокусиран на други спортови, делумен сопственик бил на Ванкувер Канукс (Vancouver Canucks) во професионалната хокејарска лига, Ванкувер Гризлис (Vancouver Grizzlies) во кошаркарската лига и Сиетл Маринерс (Seattle Mariners) во бејзбол лигата. Како и неговит ебраќа Брус и Крег и тој бил фасциниран од класичните коли и имал неверојатно скапо Ферари 250ГТО во својата колекција.

Мајкл де Пикиото (Швајцарија): Пикото има искуство во врвниот менаџмент како Оперативен директор Банка со седиште во Женева (Union Bancaire Privée) која ја основал неговиот чичко. Замина од банката во 2016 година за да стане Подпретседател и член на Надзорниот одбор на хабуршки Енгел и Воикерс (Engel & Völkers), агент за недвижнини за богати луѓе со врвни имоти насекаде низ светот, како и јахти и авиони. Тој има востановена репутација на креативен и искусен банкар.

Силас Чу (Хонг Конг): Семејството Чу работи со текстил, а 72-годишниот Силас е близок соработник на Строл долго време со фокус на далечните пазари на исток и производство на разни модни брендови. Заедно со Лоренс го изградија Томи Хилфигер (Tommy Hilfiger) во глобален бренд, Чу беше Претседател, а истото го направија и со Мајкл Корс со помош на Џон Ајдол. Чу има свои удели и во компании како Карл Лагерфелд, Пепе Џинс и Есприт.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.