Корисниците на Ф1 ТВ Про ги добиваат парите назад

343

Новиот стриминг дигитален сервис на Формула 1, Ф1 ТВ, беше невозможен за користење за време на Големата награда на Шпанија иако апликацијата беше официјално промовирана истиот викенд.

Првично сервисот требаше да биде во употреба од стартот на годината, но поради дополнително тестирање истата беше пуштена за симнување минатата недела по цена од €58.49 за Европските земји.

Првично корисниците беа задоволни особено од архивираните историски важни трки кои може да се гледаат, но преносите од Шпанија речиси и да ги немаше. Јасно е дека корисниците беа вознемирени што плаќаат за услуга која не може да ја добијат и поради тоа ја бомбардираа техничката подршка со пораки за враќање на дел од парите пропорционално со времето кое не можеле да го користат сервисот.


Корисниците на Ф1 ТВ Про ги добиваат парите назад

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>