Сопругата на Михаел Шумахер објави јавно соопштение во врска со 50от роденден на 7-кратниот Формула 1 првак.

Црвениот Барон сеуште е во кома по скијачката несреќа од 2013 година, а семејството прави се од себе за да му помогне. Изјавата која Корина ја објави на Фејсбук гласи:

Многу сме среќни што ќе го прославиме 50от роденден на Михаел заедно со Вас и од се срце сме благодарни што тоа можеме да го направиме заедно. Како подарок од него и од нас, Фондацијата Keep Fighting создаде Виртуелен музеј. Официјалната апликација на Михаел Шумахер ќе биде објавена на неговиот роденден за да неговите успеси останат запаметени. Апликацијата е јубилеј на нашиот напор да направиме правилна работа за неговите фанови и да ги славиме неговите постигнувања. Ви посакуваме многу забава со апликација.

Михаел може да биде горд со тоа што го постигнал, како што сме и ние горди. Поради тоа се сеќаваме на неговите успеси со изложбата на приватната колекција во Келн, со објавување на спомени на социјалните медиуми и со потсетување на неговата добротворна работа преку Фондацијата. Сакаме да се сеќаваме на него, да ги славиме неговите рекорди и јубилеи.

Може да бидете сигурни дека е во најдобри раце е дека правиме се што е возможно да му помогнеме. Ве молам разберете дека ги следиме неговите желби и поради тоа во приватност осетливите информации во врска со неговото здравје. Во исто време сме ве премногу благодарни за вашето пријателство и ви посакуваме среќна и успешна 2019 година.

Вести за здравствената состојба на поранешниот возач не се така ретки, но официјалните соопштенија од неговата сопруга или неговата менаџерка се многу ретки. Последните информации од британските медиуми велеа дека неговата нега чини 115 илјади фунти неделно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.