Константноста е клучна за Роман во Хаас

39

Тимскиот шеф на Хаас. Гунтер Стаинер, откри дека иднината на Роман Гросжан во американската екипа зависи од неговата константнос до крајот на сезонава. Французинот е дел од Хаас од нивниот влез во спортот на почетокот на 2016 година, а неговиот договор вели дека тимот има опција да ја продолжат соработката и следната сезона.

Сезонава Гросжан има помалце поени од својот тимски колега Кевин Магнусен, а на квалификациите го победи 3 пати, додека загуби од данецот 7 пати. Но, тука се и возачките грешки во Баку, Барселона, на Пол Рикар и Силверстон.

Постојатноста е магичниот збор за него и тој многу добро го знае тоа. Знаеме дека може да биде постојан, тој знае дека може да ни го даде тоа, а и вие новинарите знаете што може во добар ден, кога нема проблеми е одличен.

Во Австрија извозе фантастична трка, а беше одличен и последниот викенд во Германија, така што се што ни треба до него е константност. Ако ги почнува викендите добра, вообичаено се се одвива добро. За мене клучно е да сме добри на почетокот во Петок, а потоа само да се надоградиме во Сабота и Недела.

Сепак, тешко е од наша страна, затоа што ние му го даваме тоа што го бара, а потоа се зависи само од него затоа што тој го вози билидот – објасни Станер.

Јасно е дека американците сезонава го имаат 4от најбрз пакет на гридот, веднаш зад големата тројка која е недостижна сезонава.

Не би рекол дека разгледуваме и размислуваме за други возачи, но доста возачи самите ни се нудат, верувајте дека е така, а јасно е зошто сме во таква ситуација. Сите ги разгледуваат своите опции, но одлуки сеуште нема, некој треба да го направи првиот потег.

Една од првите работи кои ќе се случат е потегот на Ферари за следната година, како и она што ќе го одлучи Рено, а потоа и помалите ќе почнат да “се отвараат“. Ние можеме да донесеме одлука и претходно, не сме поврзани со нив, но тие ќе го иницираат пазарот. Нашата одлука ќе дојде по летната пауза – појасни Гунтер.


Константноста е клучна за Роман во Хаас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>