Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека компонентите кои Пирели ги понудиле за Монако би требало да и овозможат на американската екипа да ја продолжи формата од Шпанија.

Пред Шпанија, Хаас имаа проблеми со пневматиците, а Роман Гросжан и Кевин Магнусен не беа во можност да ги постигнат оптималните услови.

Сепак, специфичните карактеристики во Барселона им помогнаа на Хаас да ги надминат проблемите, што пак им овозможи на возачите да стигнат до двоен топ 10 финиш.

Патеката во Барселона овозможува многу енергија во пневматиците и поради тоа можевме да ги загрееме, што не се случи на другите три трки. Бевме уверени дека во Барселона ќе функционираат, но требаше и да го докажеме тоа и знаеме сега дека на вакви патеки ќе функционираат.

Најголемата разлика во Монако ќе биде изборот на пневматици. Ќе ги користиме К4 и К5 од Пирели, најмеките компоненти кои ги нудат.

Со тие пневматици, се надевам дека ќе ја постигнеме температурата и ќе имаме добар резултат. Мора да се обидеме, а во Четврток ќе дознаеме што се случува.

Се надевам понатаму, со помеки компоненти на следните неколку трки и со малку помош, ќе успееме да ги загрееме пневматиците.

Монако и Канада нема да бидат лесни за нас, но ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто и да постигнеме добар резултат.