Луис Хамилтон веќе е петкратен Формула 1 шампион и рекордер по бројот на освоени пол позиции во кариерата, така што веќе е дел од великаните на врвот на мотоспортот, но сепак има и уште рекорди кои тој може да ги сруши.

Со 83 саботни триумфи односно пол позиции тој веќе е рекордер и тоа го прави најдобар квалификант во историјата на тркачката серија.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во моментов британецот има 73 победи, 18 помалку од Михаел Шумахер кој има вкупно 91 триумф, така што теоретски до тој рекорд може да стигне годинава. Сепак, тој во својата кариера има најмногу 13 победи во иста година, така што тешко реално дека ќе стигне до 18 сезонава. Здравата логика вели дека на Хамилтон ќе му требаат уште две фантастични доминантни сезони за да стигне до рекордот на Црвениот Барон.

Доколку освои најмногу поени на крајот од првенството, тој ќе стигне до својата 6та титула, само една помалку од рекордните 7 титули на Шумахер.

Михаел Шумахер има освоено дури 8 пол позиции во Јапонија, исто колку и Аиртон Сена во Имола, така што следна пол позиција за Луис ќе го стави рамо до рамо со великани од таков калибар.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.