Пред почетокот на следната Формула 1 тркачка сезона има возачи на гридот кој се под голем притисок да се покажат сезоната која следи

Даниил Квјат – Торо Росо

Русинот се враќа на гридот сезонава по една година надвор од Формула 1, година која ја мина во симулаторот на Ферари. Ќе биде негов трет обид во Торо Росо, таму започна во 2014 година, а во 2016 година беше вратен во Фаенца од Ред Бул. За време на престојот во Милтон Кинс стигна до два подиуми, но направи и многу грешки по што беше казнет, мина уште 18 месеци во Торо Росо и замина пред Американското Гранд При во 2017 година.

Роберт Кубица – Вилијамс

Уште еден повратинк во ормула 1, но за разлика од Квјат, полјакот се тркаше во врвот на моторспортот во 2010 година, пред осум години. Во 2008 година има победа од Канада како возач на БМВ Заубер, но по тешката рели несреќа во 2011 година мораше да ја прекине неговата кариера во период во кој Ферари се интресираа за неговите услуги. Многумина се сомневаат во неговите способности по многуте операции на кои беше подложен.

Ленс Строл – Рејсинг Поинт

Благодарение на парите на татко му, Ленс Строл има шанса да се докаже во одличен тим од средината на поредокот. Канаѓанецот освои само 6 поени со неконкурентниот ФВ41 од Вилијамс сезонава, но по превземањето на Форс Индија од страна на Конзорциум предводен од Лоренс Строл, стана јасно дека ќе мине во Силверстон. Ленс ќе го замени Естебан Окон кој ќе биде само резервист во Мерцедес и треба да докаже дека мже да се носи со Чеко Перез.

Себастијан Фетел – Ферари

Четирикратниот првак следната година ќе биде под голем притисок да го направи она за што беше доведен во Ферари, односно да ја врати титулата во Маранело. Од 2010 година до 2013 година освои четири последователни титули со Ред Бул, но веќе четири сезони по ред не носи наслов во Скудерија. Годинава сериозно се бореше против Луис Хамилтон, но серија од грешки го оневозможија да стане првак. Ќе добие и нов колега во младиот и брз Шарл Леклер кој сигурно дека ќе притисне да се докаже, но дали може да притисне доволно за да биде побрз од Себ.

Валтери Ботас – Мерцедес

Дефинитивно возачот кој ќе биде под најголем притисок годинава ќе биде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, на кого му е јасно кажано дека ако не донесе резлтати, ќе биде заменет. Етебан Окон будно чека разврска на ситуацијата затоа што е во пол позиција за местото во тимот. Доколку Валтери повторно не победи на трка и во 2019 година, повеќе од сигурно е дека ќе биде заменет.