Главниот инженер на Ферари, Џок Клиар, ќе има клучно улога во дебитантската сезона за Шарл Леклер во екипата следната година, а дури може да стане и негов инженер за трка. Шарл од Зауебер следната година ќе дојде во Маранело.

Џок Клиар е еден од најдобрите инженери во спортот долго време, а работел со имиња од типот на Михаел Шумахер, Луис Хамилтон и нико Розберг.

Карло санти годинава е инженер за трка на Кими Раиконен откако Дејв Гринвуд го напушти тимот, додека Рикардо Адами веќе подолго време работи со Себастијан Фетел.

не е се договорено, но во моментов да, ќе имам силно влијание во неговиот дел од гаражата. дали тоа ќе биде мојата работа или не, ќе одлучиме посодна. Секако ќе посветам големо влијание на него одошто тоа сум го правел со Кими или себ – изјави Клиар по прашањето за неговиот ангажман следната сезона.

Леклер импресионираше во својата дебитантска Формула 1 сезона со Заубер, а во Маранело пристингува со само 21 година и 6то место како свој најдобар пласман на трка. Џок од своја страна, неодамна потпиша нов долгогодишен договор со Ферари, сметајќи дека неговото искуство многу му помага на трофејниот италијански тим.

имам многу големо искуство со млади возачи, но и со искусни. со доаѓањето на шарл ќе направам се што можам да му го олеснам животот, да му го намалам притисокот и да се осигурам дека тој добро ќе се вклопи во тимот следните години.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.