При промоцијата на новите шари и новиот спонзор на , вториот човек на тимот, Клер , изјави дека на татко и Френк му се допаднал болидот, во спротивно ќе ја избркал од раководното место во екипата.

Новиот ФВ42 болид на тимот ќе биде предимно во светло плава и бела комбинација, со црни делови во долниот дел. Шемата на бои е одбрана поради Рокит, новиот главен спонзор на екипата од Гроув.

на френк му се допадна болидот и може да сте изненадени што го слушате тоа. јас бев навистина нервозна кога му го презентирав.

френк е многу традиционален и заштитинички настроен кон нашата темно плава и бела боја, но во исто време ги разбира и аргументите кои донесоа промена. испраќаме јасна порака до светот во врска со тоа до каде сме со компанијата, а френк е целосно со нас.

сигурна сум дека доколку не му се допаднеше болидот, веднаш ќе ме отпуштеше – изјави клер вилијамс.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

2018 година беше последна во која на шасијата на тимот се рекламираше Мартини, кои по разочарувачката сезона заминаа од Гроув. На 21 трка извозена лани Вилијамс освоија само 7 поени.

заминувањето на мартини ни даде огромна можност да покажеме каде сакаме да го позиционираме вилијамс. ова е многу важна година за нас и поради тоа посветивме многу внимание на нашите шари.

многу луѓе се целосно свесни за нашите традиционални бои, но сакавме да се поместиме од традиционалното и да внесеме свежина.

формула 1 болид е излог за светот и сакавме излогот да биде убав.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.