Клер Вилијамс, вториот човек на тимот, смета дека Сергеј Сироткин и Ленс Строл годинава на располагање имаат многу лош болид, така што и Луис Хамилтон не би можел да извлече ништо повеќе од ФВ41 пакетот. Пади Лоув, техничкиот шеф кој дојде од Мерцедес и редовно конструираше победнички и шампионски болиди, веројатно го направи еден од најлошите болиди во историјата на трофејната екиап од Гров.

Ставете го Луис во нашиот болид и нема ништо да се промени, нема да има никаква разлика. Жал ми е за Ленс и Сергеј, но болидот навистина нема перформанси – смета Клер во својата изјава за BBC.

Статистиката не лаже така што просечно Вилијамс е 4 десетинки зад Заубер на квалификациите, 5 десетинки зад Торо Росо на квалификациите, а 7 десетинки зад Мекларен на квалификациите. Во прилог не оди и тоа што имаат вајца неискусни возачи кои не може многу да придонесат во развојот и поправање на грешките, а Роберт Кубица не придонесува затоа што неговите појавувања во болидот се ретки.

Ленс и Сергеј се млади, а ние сме често критикувани што не внесуваме млад талент во спортот. Немаат можност да го покажат својот талент и тоа што го знаат. Ние искрено не би ги ставиле во болид доколку не сметавме дека сме талентирани. Но, во ситуацијата во која се наоѓаме, никој возач не може да направи разлика – заврши Вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.