Французинот Естебан Окон покажа вистинска класа откако беше прв кој преку социјалните мрежи му честита на Џорџ Расел за местото во Вилијамс следната година.

По назначувањето на британецот, остана празно само уште место во Торо Росо и место во Вилијамс за следната година.

Честитки до Џорџ Расел за неговата промоција. Заслужено и одлична новост за спортот, за Мерцедес и за Вилијамс – напиша Окон на Твитер.

Веројатно следната објава ќе биде дека Ленс Строл од Вилијамс ќе мине во Форс Индија, а потоа ќе треба да се пополни и местото во Гроув. Сироткин, Кубица и Маркелов се најсериозни кандидати да се тркаат крај Расел следната година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.