Трета трка по ред и трета 1-2 победа за Мерцедес. Луис Хамилтон дојде до својот 75ти триумф откако го мина својот колега на стартот, прв подиум сезонава за Себастијан Фетел, Верстапен заврши пред Леклер откако го мина преку бокс. Пјер Гасли го “собра“ поенот за најбрз круг и заврши на 6то место, Даниел Рикардо најдобар од останатите пред Серхио Перез кој тргна надвор од топ 10. Кими Раиконен донесе 9то место и нови поени за Алфа Ромео, екипата која победи на првата трка во 1950 година, а иако тргна од бокс како последен, до поен стигна и Александер Албон на јубилејната 250та трка за Торо Росо.

Возбудувања имаше уште на загревачкиот круг кога проади ладното време и незагреаните гуми се изврте најпрбо Макс Верстапен со својот Ред Бул, а потоа и Роберт Кубица со неконкурентниот Вилијамс. Сепак, тие си се вратија на своите позиции и трката почна без никаков проблем.

Стартот беше интересен, Хамилтон тргна моќно и веднаш го превзема водечкото место кое по вчерашните квалификации му припадна на Валтери Ботас. Зад нив, младиот Леклер тргна силно и го превзема 3то место од својот колега. Најдобар старт имаше Чеко Перез кој тргна од 12то место, ги мина Квјат, Магнусен, Гросжан и Хулкенберг и дојде до 9то место по првиот круг.

“Tорпедото се врати“ во стартот по првиот круг правејќи карамбол со болидите на Мекларен. Најпрво не успеа да мине низ кривината како што треба и “го закачи“ Карлос Саинз, а потоа влета во Ландо Норис и буквално го вивна во воздух. Двата МЦЛ34 болиди итно мораа во боксот по оштетувањата од торпедото, а Квјат доби казна од минување низ бокс.

Кими Раиконен беше човекот кој требаше да се гледа во првите 10-тина кругови од трката. Во 4от круг го мина Кевин Магнусен за 11то место, следниот го “нанижа“ и Роман Гросжан за влез во топ 10, а во 9от круг го мина и Рено на Нико Хулкенберг по што се позиционираше на местото на кое ја заврши трката.

Ферари издржа без тимски наредби едвај 10-тина кругови. Веќе во 11та обиколка, Шарл Леклер по наредба од својот инженер, го пропушти Себастијан Фетел, откако италијанците тврдеа дека Себ е побрз, но тоа не беше многу јасно видливо на патеката. Сепак, младиот возач од Монако иако кажа што има преку радиото, сепак одигра тимски.

Нико Хулкенберг се откажа на 4 кругови пред крајот во Бахреин, но овој пат подрани и го паркираше своето РС19 Рено во гаражата по само 17 кругови. Дуел и контакт немаше, така што претпоставките се дека имал некаков проблем со моторот и тимот не сакал да ризикува истиот да биде целосно оштетен.

Серијата менувања гуми ја отвори Макс Верстапен во 18от круг, а следниот круг влезе и Себастијан Фетел. Двајцата од медиум преминаа на хард и си ги задржаа своите позиции. По излегувањето на патеката, возачот на Ред Бул имаше позагреани гуми затоа што смени круг порано, следуваше битка на “шнола“ кривината каде лани се извртеа по дуел, овој пат беа повнимателни, машки се бореа, но се беше чисто и Себ остана пред Макс.

Во кругот број 22 гуми промени и Валтери Ботас, а круг потоа и Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Изборот беше најтврдата компонента. Следуваше период на борба помеѓу возачите надвор од поени.

Второто менување гуми повторно го започна Макс Верстапен кој во 35от круг се врати на медиум, а Фетел повторно го стори истото круг по него, но овој пат немаше борба затоа што германецот беше предалеку. Во 37от круг Мерцедес ги изненади сите со совршеното двојно менување, Хамилтон па Ботас, безгрешно, без губење ни секунда. Фантастично.

По излегувањето од боксот Ботас цел круг беше зад Леклер кој имаше многу постари гуми и побавни гуми. Но, Ферари се носеше со Мерцедес пред финецот да мине со помош на ДРС на крајот на тој круг.

Леклер влезе во бокс во 43от круг, промени на медиум, откако претходно беше минат од колегата на патеката.

Кругот број 40 беше моментот кога Даниил Квјат се откажа, а кругот број 53 моментот кога Ландо Норис едвај се довлечка до гаражата како последица од штетите од “торпедото“.

На два круга пред крајот, Пјер Гасли влезе по свежи софт, излезе на патека и последниот круг го постави најбрзиот на трката, превземајќи го тој примат од Себастијан Фетел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.