Кими смета ќе завршел со едно менување

422

Кими Раиконен смета дека лесно ќе ја завршел трката со едно застанување во бокс доколку ме бил приморан да се откаже. Возачот на Ферари се откажа во 27от круг додека беше на 2ро место зад Луис Хамилтон, а сомнежот повторно е на моторот. Кими не знае во што било проблемот, иако преку радиото пријави дека загубил моќ.

Ќе завршев со едно застанување во бокс и тоа лагано. Јасно е дека никогаш нема да дознаеме, но мислам дека бевме во добра позиција во тој момент, но поради проблемите морав предвреме да ја завршам трката. Не зна повеќе за проблемот, ќе мора тимот да провери.

Имаше промена на гумите за оваа трка, особено на задните, но кој знае колку тоа влијаеше на нас. Ги немавме нормалните гуми за да споредиме, така што невозможно е да кажеме колку добивме или загубивме.

По оваа трка, финецот падна на 40тина поени зад лидерот во шампионатот откако втор пат се откажува од трка на досегашните 5 извозени тркачки викенди.

Далеку од идеално. Тука сме за да се обидеме да победиме на трка, така што доколку имате проблем кој ви ја скратува трката, немате можност за тоа. За жал ова е втор пат годинава да не завршам, по што сум во лоша позиција.

Но, такво е тркањето и нема нешто многу што моев да променам. Далеку од идеално – појасни Раиконен.


Кими смета ќе завршел со едно менување

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>