Кими смета дека Мерцедес пронашле нешто ново

725
   

Кими Раиконен смета дека Мерцедес пронашле нови придобивки во однос на перформансите на последните две трки, а Ферари немаат одговор на нивниот ритам и брзина. Финецот ја почна трката од 4то место, а на истата позиција и заврши и имаше подолга прва сериј од оние пред него, но не успеа да напредува на тој начин.

Кими смета дека Мерцедес имале одлична брзина на трка која ја имале без разлика на кои гуми се наоѓале без да притискаат до максимум. Раиконен признава дека Мерцедес подобро се развиваат во вториот дел од првенството.

Дававме максимум од себе, но тие беа побрзи. Веројатно не ни притискаа до максимум туку воза онолку колку што им требаше. Заостануваме во однос на чиста брзина, болидот беше добар, но ни треба повеќе брзина во сите сегменти.

Кој знае што направија Мерцедес. Да видиме на следната трка дали ќе биде исто или не. Се надеваме дека ќе биде поинаква приказна, се надеваме дека ќе личи на периодот пред неколку трки – позакува Раиконен.

По оваа трка Кими го загуби 3то место во возачкиот поредок од својот конкурент Ботас кој сега води 3 поени.


Кими смета дека Мерцедес пронашле нешто ново

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>