Кими Раиконен, финскиот возач на Скудерија Ферари, ги опиша квалификациите во Мексико како не многу лесни за него на сесија на која првакот од 2007 година и победникот на последната Формула 1 трка заврши со 6мо време и ќе стартува од третиот ред, крај Валтери Ботас. Кими во Америка стигна до победа по пост од 113 трки, но на вчерашната сесија беше 4 десетинки побавен од својот германски колега.

Секако дека не беа најлесни квалификации за мене, но понекогаш е така. Денеска чувството во болидот беше далеку подобро одошто во Петок, се подобривме секаде и тоа е позитивен факт – откри финецот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Топлото време во комбинација со големата надморска височина беа голем проблем за возачите во текот на петочните тренинг сесии кога гумите буквално се распаѓаа. Но, во Сабота времето беше далеку поладно,на моменти и дождливо, така што времињата на возачите беа поблиску едни до други.

Во помадни услови беше многу полесно за нас, на квалификации некои кругови беа добри, некои не. На одредени места на патеката бевме подобри одошто во Петок, но беше полесно да се склопи добар круг. Сепак, ќе биде доста долга и тешка трка.

Првата кривина на ерманос Родригез е 900 метри од стартната линија, најдалеку во Формула 1 календарот и поради тоа слипстрим позади друг болит е фактор кој може многу да го промени квалификацискиот поредок.

Долг е правецот до првата кривина, ние ќе се обидеме да имаме добар старт и да останеме надвор од проблеми. Првата кривина вообичаено е лудница и е многу тесно и ако успеете добро да бидете повлечени од некој, ќе имате голема разлика. Ќе видиме што ќе се случи, но менаџирањето на гуми секако ќе биде клучно – најави Раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.