Кими сака да остане во Ферари

368

Кими Раиконен најави дека сака да остане во Ферари во 2019 година во пресрет на она што падокот смета дека ќе биде лудо возбудлив пазар кај возачите за следната година. Очекувањата се дека сезонава е последна за финецот во Маранело, но тој не смета така.

Како потенцијална замена на Раиконен се споменува Даниел Рикардо, но австралијанецот се поврзува и со Мерцедес поради фактот што без договор на крајот од сезоната е и Валтери Ботас.

Иако Кими е свесен дека судбината не е во негови раце, сепак потенцира дека не ја загубил страста за Формула 1.

Одлуката не е моја, таа завии од тимот, а тие точно знаат што јас сакам. Не возам во Формула 1 доколку тоа не ми е забавно и не го сакам. Задоволството од возењето е единственото нешто кое ме држи овдека. На одлуката влијаат многу работи, но мојата страст кон тркањето сеуште постои – изјви Раиконен.

Сезонава тој има три пласмани на подиум, а се откажа од две трки поради технички проблеми. Во Шпанија мина 100та трка од последната победа на Раиконен.


Кими сака да остане во Ферари

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>