Кими Раиконен призна дека негова цел престојниов викенд е да го предизвика Себастијан Ветел за победа на Италијанското Гранд При. Финецот нема победа оваа сезона иако вози одлично, додека Себ на последната трка во Белгија стигна до својот 5ти триумф сезонава.

Ритамот и брзината на СФ71Х минатиот викенд ги става италијанците во пол позиција за триумф на ултра брзиот автодром, а еветнаулна победа на коњчето ќе биде прва од 2010 година.

Наша цел е два болиди во првиот стартен ред, а за понатаму ќе видиме. Знаеме дека можеме да стигнеме до тоа, но во исто време и меѓусебно се тркаме како и секогаш и остануваме фер еден кон друг. Не гледам друг начин за триумф – најави Кими.

Раиконен никогаш во кариерата нема победа во Монца, а Ферари викендов се под засилен притисок да победат со цел да ја намалат предноста на Мерцедес.

Јас не сметам дека притисокот е поголем, ние сме навикнати на тоа. Притисокот е нормален кој го ставаме на себе како и секогаш кога нешто сакаме да поситгнеме.

Имавме добар викенд во Белгија, можеби овој викенд нема да сме толку добри, малите разликие ќе решаваат кој е побрз секој викенд. Ако не погодите се како што треба, нема да победите.

Многу сме блиску, а предноста се менува од патека на патека во зависност од карактеристиките, некои одговараат на еден болид, други не. Се работи за ситници кои го менуваат крајниот резултат. Ние можеме само да дадеме се од себе и да чекаме на Недела – заврши Кими.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.