Кими Раиконен ќе вози во Формула 1 барем наредните две години откако финецот се обврза на двогодишна соработка со Заубер Алфа Ромео. 38-годишникот ќе мине во малата швајцарска екипа од Хинвил до крајот на 2020 година, екипата со кој ја почна својата многу успешна Формула 1 кариера уште во 2001 година.

Чув за ваквата можност уште во Монца и тоа е одличен сингал за тимот и за фановите – изјави поранешниот газда на екипата, Питер Заубер за швајцарски Blick.

Поранешниот сопственик на тимот смета дека партнерството со Алфа Ромео, соработка со Ферари и новиот менаџмент предводен од Фредерик Васур му помогнале на Кими да се одлучи да пристигне во тимот.

Пред една година веројатно не би помислил такво нешто – смета тој.

Кога ќе заврши договорната обврска кон Хинвил, Раиконен ќе има 41 година.

На гридот има момчиња кои имаат по 18 години. Но, Формула 1 е бизнис, а името на Кими носи спонзори, носи пари и стбаилност. Зделката е одлична за Заубер.

Очекувањата од него не се големи, така што може да работи во мир без никаков притисок. Сигурен сум дека ќе вози порелаксирано. Исто така чув дека тој размислува и би сакал да стане дел и од сопственичката структура на Заубер. По мене се работи за нешто повеќе од само возење – појасни Мика Сало, сонародник на Кими и поранешен Формула 1 возач.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.