Кими: Подобрувањата ќе ни помогнат во Силверстон

447
   

Кими Раиконен смета дека напорот во подобрувањата на Ферари кои го следат на последните две трки ќе биде од голема помош на Британското Гранд При, особено кога се обидуваат да ја подобрат својата форма на Силверстон.

Последна победа на Ферари на оваа патека е во 2011 година со Фернандо Алонсо, додека последна победа на Кими во Силверстон беше со Ферари пред 11 години, но нивната форма во последно време е значително очајна. Тие две победи се единствени во последните 13 години за Скудерија.

И покрај малиот број на подобрувања по новиот агрегат кој дебитираше на Канадското Гранд При, Раиконен има подобрена форма со два последователни подиуми и иако многумина сметаат дека тој можеше да стигне и до победа во Австрија, финецот е убеден дека подобрувањата на Ферари од скоро ќе донесат резултат во Силверстон.

Силверстон, општо, не е најдобра патека за нас во последните неколку години. Но одвај чекам на трката, мислам дека некои работи кои ги пробуваме ќе ни помогнат. Очигледно многу ќе зависи од условите.

Ќе се обидеме да бидеме подобри во наредните неколку трки. Како тим, стигнавме до солидни поени во Австрија и сега ќе целиме кон наредните трки – изјави Раиконен.


Кими: Подобрувањата ќе ни помогнат во Силверстон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>