Кими Раиконен е опоменат од страна на стјуардите за недоразбирањето во боксот на Ферари на последната сесија во пресрет на квалификациите, што е прва опомена за финецот сезонава.

Откако прешироко мина на 20та кривина на Јас Марина, финецот го прекина летечкиот круг и се упати кон гаражата минувајќи ја белата линија, пред да се предомисли и да се врати на патеката на недозволен начин, преку означениот дел.

Луис Хамилтон за ист инцидент во Петок исто така беше опоменат од страна на стјуардите, така што и Раиконен доби иста казна во вид на опомена.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.