Кими не се откажува од конструкторската титула за Ферари и покрај тоа што имаат заостаток во однос на Мерцедес.

Надежта за титула на Себастијан Фетел згасна во Мексико откако Луис Хамилтон заврши 4ти и со тоа и теоретски си ја обезбеди својата 5та шампионска титула, но Скудерија заостанува 55 поени зад Мерцедес на две трки пред крајот.

јасно е дека не сме во многу добра позиција, но сеуште не е се загубено и ќе дадеме се од себе да стигнеме до конструкторска титула – најави раиконен.

Финецот додаде дека за екипата конструкторскиот наслов значи повеќе од возачката титула поради престиж, достигнување и повеќе пари.

конструкторската титула е поважна за екипата, тоа е јасно и поради тоа и се тркаме. постои првенство за возачи, но ако прашате било која екипа, ќе ви кажат дека конструкторската титула им значи повеќе од возачката. ќе видиме за две трки дали ќе успееме да победиме.

Победата на Раиконен во Америка беше негова прво во последните пет години, а 6та за Ферари оваа сезона во која Мерцедес стигна до 9.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.