Кими е нетрпелив за почеток на неговата авантура во Заубер откако Ферари решија да го замена за Шарл Леклер од оваа година.

Финецот ќе се врати во Заубер, екипата каде пред 18 години ја почна својата Формула 1 кариера. Последните пет години ги мина во Скудерија Ферари крај Себастијан Фетел, имаа хармоничен однос и одлична соработка.

навистина сум нетрпелив, ќе биде поразлично на многу начини, но целта секогаш е иста. ќе биде повеќе “чисто, вистинско тркање“ одошто во ферари и се надевам дека ќе биде добро за мене и за тимот. имам добро чуство и поради тоа прифатив да се вратам – објасни раиконен.

Реално, трансферот е премин од посилен во послаб тим за Кими, но тој потенцираше дека сака да му помогне на Заубер во рапидниот раст во средина од поредокот откако швајцарците имаа импресивен напредок сезонава. Тој призна дека бил изненаден што не почувствувал поголема разлика помеѓу болидите на Ферари и Заубер за 2018 година откако го проба болидот од Хинвил на тестот по Абу Даби.

сеуште не сакам да поставам цели, ќе видиме откако ќе ги возиме следните болиди и ќе продолжиме од таму. јасно е дека предизвикот ќе биде поинаков, но уживам во тоа и поради тоа го прифатив. ако прашате повеќе луѓе, ќе добиете повеќе мислења.

ќе дадам се од себе и мислам дека имаме одлична шанса за големи работи. ќе дознаеме штом ќе почне сезоната – заврши раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.