Кими несигурен до каде се

336

Кими Раиконен смета дека е многу тешко да се предвиди поредокот по првите сесии во Четврток за Големата награда на Монако. Возачот на Скудерија Ферари ги заврши двете сесии на 5то место и смета дека немал лош ден.

Првиот ден не беше лош, нормален Четврток. Чувството во болидот е во ред, патеката е секогаш проблематична на стартот, а ние пробувавме многу нови работи.

Возењето по патеката е покомплицирано одошто на други места, многу е полесно да наравите голема грешка и голем проблем на место каде на друга патека само излетувате. Мора да бидете внимателни од самиот старт и да притиснете кога ќе почувствувате дека се е во ред – смета Раиконен.

Финецот освои пол позиција лани, но знае дека Ферари мора да се подобри за повторно да стигне до квалификациска победа.

Секако дека иам доста работи кои треба да ги подобриме, но го остваруваме планираното и за сега немаме никакви проблеми. Тешко е да се има јасна слика, на некои тренинг сесии некои болиди се брзи, а веќе на следната не е така. Квалификациите се друга работа. Ќе видиме како ќе биде во Недела.


Booking.com

Кими несигурен до каде се

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>